Браво за Арјан Исени кој успеа да се пласира на ЕП во бокс до 22 години кое се одржува во Будва (Црна Гора). Македонскиот боксер успеа да го победи Михаил Цамалидис и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето на овој шампионат.
Треба да се каже дека нашиот боксер имаше силен ривал, имено Цамалидис е некогашен европски првак до 18 години.
Исени во полуфиналниот меч на 16 ноември го чека борба со францискиот претставник.