На пресот Израелците донесоа една копачка: “Ова е она што остана од него, чекаме да се врати дома“!

2068

Утре селекцијата на Израел ќе треба да го одигра заостанатиот меч од квалификациите за ЕВРО 2024, и тоа со Швајцарија, меч кој ќе се игра во Унгарија поради познатите случувања на Блискиот исток.

Дека војната меѓу Хамас и Израел, беше централна тема денеска и на пресот на Израелците, говори и тоа што го направи дефанзивецот Ели Данас кој донесе една копачка па објасни за што станува збор.

Ова е она што остана од Нев Шохам, детето кое беше киднапирано. Ова е таа една копачка. Посакуваме да се врати дома“.

Инаку ново е тоа што раководството на Фудбалскиот сојуз на Израел, одлучи и покрај војната сепак првенството да продолжи следниот месец. На мечевите ќе нема присуство на публика, ќе бидат присутни само службените лица и се разбира играчите и тренерите на двете екипи.

ПретходноГо гушна својот татко и почна да плаче! (ВИДЕО)
СледноКонечно е познато зошто Хари Кејн потпишал за Баерн Минхен!