Нови проблеми за Спалети: Бастони отпаѓа, Викарио има треска, повикани две нови замени

159

„СпортСпорт“ во Рим, ИГОР Д. ИВАНОВСКИ

Алесандро Бастони е уште еден во низата репрезентативци на Италија кои утре нема да се појават на теренот на „Олимпико“ за мечот со Македонија. Како што утрово потврдија од таборот на „аѕурите“, Бастони и дефинитивно отпаѓа поради повреда, а на негово место Спалети веднаш го повикал Џанлука Мансини од Рома.

Дефанзивецот на Интер има повреда на потколеницата и го напушта тренинг кампот во Фиренца. На негово место доаѓа дефанзивецот на Рома.

Во текот на ноќта голманот Викарио имал мала треска, па затоа, како мерка на претпазливост, повикан е и голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, денеска ќе пристигне во базата на Италијанците.

ПретходноФаворитите според планот, денеска дерби Лирија – Весна Пробиштип
СледноЛоша вест за Бразил: Меси ќе истрча за Аргентина на јужноамериканското дерби во квалификациите