Македонија all time или дали е ова најдобриот тим, најдобриот состав на Македонија на сите времиња? Фејсбук страницата “Istorija ex yu fudbala“ се занимаваше со ова прашање и успеа да го состави идеалниот тим на сите времиња кога станува збор за фудбалска Македонија во нејзината историја.
Формацијата е 4-3-3, а на голманската позиција е Драган Мутибариќ. Во одбраната се Кирил Дојчиновски и Илија Најдоски, десно Вујадин Станојковиќ а лево Кирил Симоновски Џина, иако тој играл во својата кариера и на други места во тимот. Во средниот ред се Кочо Димитровски, Тони Савевски и легендата Мето Спасовски кој на “Маракана“ во Рио му даде гол на Бразил. Се разбира зад шпицовите е Гранде Горан Пандев, а во самиот напад фудбалерот на векот Дарко Панчев и Милко Ѓуровски, можеби најталентираниот фудбалер во историјата на Македонија, со најголем потенцијал.
Сега некој ќе каже а каде се Васил Рингов, Бошко Ѓуровски, Гоце Седлоски, Драган Канатларовски, Чеде Јаневски, Елиф Елмас, Артим Шаќири и уште многу, многу, можеби десетици други?
Но има место само за единаесет и толку е.
Се разбира дека секој има право на свој вкус, иако можеме да го пофалиме иницијаторот на ова зошто во Македонија никогаш, никогаш и никој досега не направил вакво нешто.
Сепак најмногу од целиот состав импресионира нападот. Пандев – Панчев-Милко. Ако овие тројца некогаш играа заедно тогаш јасно е дека Македонија секако би се пласирала без проблеми на неколку ЕП и СП.
Каков напад? Страшен напад!!!