Модриќ за трансферот на животот: Седиш ли? Сакаат да играш за нивниот тим!

7243

Иако има 38 години, Лука Модриќ игра на високо ниво. Хрватскиот фудбалер и натаму е на цена на пазарот, засега најголема сума за него се подготвени да платат клубовите од С.Арабија. Ова го потврди менаџерот на Модриќ, Борха Коус.

„Модриќ во моментов размислува само за Реал Мадрид. Но, идејата за негово заминување во Про-лигата може да се реализира доколку понудата биде соодветна“, рече менаџерот на Модриќ потенцирајќи дека Ал Итихад и Ал Ахил се двата тима кои во моментов се подготвени да издвојат голема сума на пари.

Минатото лето, раководството на овие два клуба биле подготвени да платат 200 милиони евра за три години, но тој ги одбил бидејќи Реал Мадрид е неговиот приоритет.

Каде и да продолжи, Модриќ веќе го оствари својот трансфер на кариерата, во август 2012 потпиша за Реал Мадрид.

„Ми се јави мојот агент и ме праша дали седам. Зар ќе ми каже нешто толку важно што моите нозе нема да го издржат“, рече Модриќ, па продолжи:

„Реал Мадрид се јави. Нивниот тренер те сака следната сезона, му порачал агентот. Тоа беше шокантна вест, останав без зборови. Првата помисла беше: моите сонови се остваруваат. Реал Мадрид е легендарен тим. Веќе се замислував во белиот дрес, во екипата со најдобри играчи на преполниот Бернабеу. Тогаш тренер беше Мурињо, најверојатно најважниот тренер на светот ме сака. Беше навистина прекрасно, иако имав 27 години и не бев на почеток на кариерата, сепак бев многу возбуден“, се присетува Модриќ. 

ПретходноСелекторите во проблемите: УЕФА направи промена на едно правило за ЕП 2024!
СледноСпалети: Во Македонија не се само Елмас или Барди, има и други добри играчи, тоа е тим за респект