СпортСпорт во Рим, Игор Ивановски
Македонската фудбалска репрезентација е во Рим каде што се спрема за натпреварот со Италија во квалификациите за ЕП 2024. По прес-конференцијата, нашите фудбалери и стручниот штаб се упати на стадионот „Олимпико“ каде што одржа тренинг. На семафорот Италијанците на македонски јазик ни посакаа „Добредојде“.
Нашите момци истакнаа дека се спремни за мечот и дека не се плашат од противникот кој мора да атакува на сигурни бодови ако сака да остане во игра за место на ЕП 2024.