Ненад Мишковски (34), довчерашниот дефанзивец на Ренова е новото засилување во редовите на Вардар. Како што дознаваме искусниот стопер наскоро ќе биде официјално промовиран, инаку ова за него ќе биде враќање во Вардар по цели 15 години.
Секако дека ова е големо засилување за “црвено – црните“ кои во следната сезона во ВМФЛ – ЗАПАД по секоја цена ќе атакуваат на првото место и експресно враќање во елитата.
Инаку Мишковски покрај тоа што беше член на Вардар и Ренова, играше и за Тетекс и Шкендија.