Уругвај ја победи Аргентина: Меси дивееше на теренот! (ВИДЕО)

3512

А кој ако не својот. Аргентинецот Марсело Бијелса како селектор на Уругвај ја победи среде “Бомбоњера“ својата земја со 0:2. Го победи светскиот првак и ја прекина супер – серијата на Лео Меси и другарите. Фантастично тактичко поставување на “лудакот“ Бијелса, голема борба, “војна“ на теренот.

Натпревар кој не смее да се пропушти.

И кога е така, а така е, тогаш нервите попуштаат, тогаш ќе видите војна и и меѓу играчите.

Тогаш ќе видите како еден Лео дивее по теренот, удира Уругваец со лакт, а потоа го фаќа и за врат.

Ах, да, стрелци на головите за Уругвај беа Араухо и Дарвин.

ПретходноСинер го совлада Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфиналето во Торино
СледноДиаз својот гнев го искали врз Бразил, шок за Реал…Винициус се повреди! (ФОТО)