Четворица италијански селектори ги одведоа странските селекции на ЕП, а (сеуште) не успеале својата!

212

Интересен податок врзан за италијанските селектори во овие квалификации. Дека станува збор за екстра квалитетни стратези тоа се гледа од фактот дека дури четворица од нив со репрезентациите кои ги предводат се веќе не ЕВРО 2024, а таму сеуште ја нема нивната земја, нивната Италија.

Винченцо Монтела со Турција е веќе на ЕП. Италијанецот со германски пасош, Доменико Тедеско успеа тоа да го стори со селекцијата на Белгија. Од синоќа на нив им се приклучи и Марко Роси со репрезентацијата на Унгарија, а и Словачка е веќе на ЕВРО 2024 предводена од селекторот Италијанец, а тоа е малку познатиот Франческо Калцона.

Се чека на Лулчиано Спалети да ја однесе Италија на ЕП, но ќе мора прво вечерва да ја победи Македонија.

ПретходноМеси по скандалот со Уругвајците: Подобро да не говорам за тоа што мислам за нив! (ВИДЕО)
СледноЛоша вест за Пеп: Халанд се повреди!