И дефинитивно нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше еден од нашите најдобри поединци на ЕУРО 2020, ако не и најдобар. Не само што знаеше да брани и удари од белата точка, туку спаси и неколку чисти голови, едноставно беше фантастичен.
Инаку според некои статистики, Столе се наоѓа во Топ-10, односно на десетото место на голмани на штотуку завршеното ЕП по бројот на одбранети удари.
На прво место е Зомер (Швајцарија) со 21 удар, следуваат Вард (Велс) со 18, Шмајхел (Данска) исто со 18, Чакир (Турција) со 18, па Пикфорд (Англија) со 16, потоа Бушхан (Украина) со 14, Куртоа (Беглија) со 14, исто колку и Храдецки (Финска), Вацлик (Чешка) и Димитриевски (Македонија).
Интересно на оваа листа го нема херојот на Италија и најдобриот фудбалер на ЕУРО, голманот на „аѕурите“ Џиџи Донарума.