Откако Ерменија и Велс одиграа без победник во групата – Д, се знаеше дека Хрватска на гости кај Летонија само треба да победи и да биде на чекор до пласман на ЕВРО 2024. Така и беше, рутински триумф, и со двата рани гола на Маер во 7. И Крамариќ во 16.миута беа сосема доволни за победа и големи три бода.
Сега Хрватска е втора во групата со 13 бодови, Велс е трет со 11 а Ерменија со 8 бода ги загуби сите шанси.
Во последното коло, во понеделник Хрватска игра дома со Ерменија и и треба само бод, додека Велс ја дочекува Турција, која заврши како прва со надеж дека Хрватите ќе кикснат со Ерменците.
Crotia leads with Lovro Majer's early goal!pic.twitter.com/tyZhT6RBEW
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 18, 2023