Скандал ја „тресе“ Чешка пред најважниот меч: Тројца стартери избркани од репрезентацијата!

1131

Тројца чешки репрезентативци, Владимир Цуфал, Јакуб Брабец и Јан Кухта се отстранети од селекцијата на ден пред натпреварот против Молдавија, кој за Чесите е виза за ЕП 2024.

Цуфал, Брабец и Кухта биле фатени како го напуштиле репрезентативниот камп и заминале во ноќен клуб ноќта меѓу саботата и неделата и таму останале се до утрото.

Нивното присуство не остана незабележано, а фотографиите се појавија во медиумите. Селекторот Јарослав Шилхави немаше друг избор освен да ги отстрани од тимот.

Чесите неочекувано останаа без тројца важни играчи, сите тројца стартери, пред мечот на кој не смеат да го загубат доколку сакаат да се пласираат на ЕП.

„За мене ова е големо разочарување и голема компликација. Полошо не можеше да биде. Играчите се извинија и го напуштија состанокот. Се надевам дека нивните постапки нема да ја нарушат подготовката за утрешниот важен натпревар”, изјави видно вознемирениот селектор на Чешка.

ПретходноТаткото на Фирмино почина на семеен одмор во Дубаи
СледноИвановски обезбеди пласман на главниот турнир во Јокохама