Историјат: Шаќири со голот од корнер во Саутемптон и “експлозијата“ од радост! (ВИДЕО)

303

Кога станува збор за историјатот, односно традицијата, ова ќе биде шести меѓусебен дуел на Македонија и Англија. Во изминатите пет меча немаме победа, само две ремија и три порази. Интересно, и двете ремија се на гости. Инаку Англија по третпат ни гостува во Скопје, на претходните гостувања забележа две победи.

Првиот меч со Англичаните го одигравме во далечната 2002 година кога беше 2:2. Секако дека тој меч најмногу ќе се памети по голот од корнер на Артим Шаќири среде Саутемптон.

Во истиот квалификациски циклус, на реваншот во Скопје ние поведовме со 1:0 со голот на Христов, но Руни и Бекам направија пресврт.

Во 2006 година, исто во Скопје, Англија славеше со 0:1 со голот на Крауч. На реваншот во Манчестер, Македонија на “Олд Трафорд“ одигра 0:0.

И на последниот меч, исто на “Олд Трафорд“ во јуни оваа година, во рамките на овие квалификации, Англија убедливо триумфираше.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ

16.10.2002 – квалификации за ЕП

АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:2

Саутемптон. Стрелци: Бекам 13., Џерард 35. (АНГ), Шаќири10., Трајанов 24 (МАК).

06.09.2003 – квалификации за ЕП

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА 1:2

Скопје. Стрелци: Христов 27.(МАК), Руни 53., Бекам (п) 63. (АНГ).

06.09.2006 – квалификации за ЕП

МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА 0:1

Скопје. Стрелци: Крауч 46. (АНГ).

07.10.2006 – квалификации за ЕП

АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:0

Манчестер.

19.06.2023 – квалификации за ЕП

АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 7:0

Манчестер. Стрелци: Кејн 29. 73 (п)., Сака 38. 47. 51., , Рашфорд 45., Филипс 64. (АНГ).

ПретходноЖдрепка утре во Виена: Ѓорче Петров ги дозна можните ривали во осминафиналето
СледноДва пинг-понг турнири за млади викендов одржани во Прилеп