Почетната цена е 10 милиони долари: Се продаваат дресовите на Меси од СП во Катар!

126

Шест од седумте дресови со кои Лео Меси играше на СП во Катар се продаваат со почетна цена од 10 милиони долари. Наскоро ќе бидат изложени во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк тие комплет дресови со небесно-сина и бела боја. Се очекува цената да биде поголема од 10 милиони долари и со тоа да го надмине рекордот кој сега со 10,1 милиони го држи дресот на Мајкл Џордан.

Инаку познато е дека во тие дресови Меси постигна вкупно 7 голови и го освои единствениот трофеј кој му недостигаше во својата блескава кариера – светски првак со Аргентина.

ПретходноПродолжување на стратешкото партнерство меѓу Флекс Кредит и СОС Детско село
СледноПикси добива премија од 1,2 милиони евра…многумина се прашуваат зошто!