Капитенот Енис Барди е задоволен од резултатот, а по мечот посочи како треба да се игра за националниот тим и исто така додаде дека дуелот со Англија е знак дека во иднина може подобро и против секого.
„Цело време зборуваме како треба да се игра за репрезентација, како треба да се излезе на терен и на крај освоивме бод што не радува сите нас и е голем резултат за оваа мала Македонија. Мислам дека ова реми е заслужено и ова е знак за во иднина дека можеме против секого“, изјави Барди.
За периодот поминат со Милевски и за иднината:
„Направивме многу добри работи со Милевски и со У21 репрезентацијата и сега со сениорскиот тим. Дај Боже да продолжиме да работиме со него. Го почитувам многу“.
За пеналот:
„Кога ќе тргнам и застанам, а голманот не мрда таму изгубив малку време, па не гаѓав погоре. Среќа што ми се врати топката и погодив.“
Каде го најдовте мотивот да се кренете по Италија:
„Оваа година паднавме психички. Клучот беше против Украина кога загубивме дома и тоа моралот ни го сруши. Отидовме во Англија и видовме што таму се случи. Но овој натпревар покажа дека имаме добра иднина, ни даде насока, веќе имаме слика кој каде треба да се движи и што да прави за оваа репрезентација. Во оваа репрезентација има добри играчи и добри луѓе.
Дај Боже на секој меч да има волку многу публика и да уживаме во фудбалот“.