Ангеловски пред Пик Сегед: Ме загрижува тоа што лесно се предаваме

102

Ракометарите на Е. Пелистер утревечер во Битола го пречекуваат тимот на Пик Сегед во рамките на 8. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. По седум меча досега, битолчани немаат победа, а на последниот дуел против утрешниот ривал беа поразени на гости со 8 гола разлика.

Тренерот Бранко Ангеловски на прес-конференцијата пред мечот најави дека утре очекува од тимот жестока борба до последната минута.

„Ни доаѓа противник против кој на претходниот натпревар на нивни терен одигравме одлично прво полувреме и едно реализаторски катастрофално второ полувреме, кое дозволи Пик Сегед да направи голема разлика и на некој начин да не деморализира. Тоа не смее да ни се случува, затоа што добро ја познаваме екипата на Пик Сегед. Сигурно дека и тие на оваа средба ќе имаат поголема ротација и очекувам да играат неколку нивни играчи кои не играа на првиот меч. За нас најбитно е како ние ќе делуваме на терен. Многу ме загрижува фактот што лесно се предадовме на првиот меч, иако имавме активен резултат на 10 минути до крајот. Се надевам дека тоа во Битола пред нашите верни навивачи нема да се случи. Очекувам добар меч и уште подобар резултат“, вели Ангеловски.

Мечот меѓу Е. Пелистер и Пик Сегед се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18.45 часот.

ПретходноУ21: Младите денеска на тест со Австрија
СледноСтрумица се подготвува за европска одбојка: Против СВД Дирен со полна сала до победа!