Дефанзивецот на Борусија Менгенгладбах, Штефан Лајнер, се врати на тренинзите во својот клуб откако успешно се опорави од борбата со канцерот. Претходно оваа година, германскиот бундеслигаш откри дека Лајнер ќе го нема „неколку месеци“ , бидејќи му беше дијагностициран лимфом.
Сепак, дополнителното соопштение на германскиот клуб во понеделникот откри дека 31-годишниот фудбалер „успешно ја завршил терапијата“, а Австриецот веќе тренира заедно со своите соиграчи.
„Штефан Лајнер се врати на тренинзите за Борусија Менхенгладбах. Десниот бек, кому во јули му беше дијагностициран лимфом, успешно ја заврши терапијата“, стои во соопштението на бундеслигашот.