Бод кој не се брои

1156

 

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра без голови на гостувањето кај Австрија. Австријците беа фаворити на овој меч, а тоа го оправдаа на теренот но само не и во резултатот. А за тоа кој беше кој на стадионот во Рид.

Да беше квалификациски дуел ова ќе беше добар резултат, но вака на пријателски исто како да не се брои. А на теренот сликата изгледаше вака. Австрија дури 18 удари на гол од кои 8 во рамки на голот, а Македонија ниту еден. За поседот на топката да не зборуваме…

Четата на Драган Канатларовски беше инфериорна на овој меч и само чудо ги спаси од пораз. Пријателски меч без да се проба да се нападне, да се направи нешто во нападот. Дефанзивен пристап не ни носи надеж дека можеме со големите каде што е потребно да се бараат бодови ако се планира настап на некое големо натпреварување.

Да потсетиме дека Македонија во квалификациите за ЕП по онаа победа над Шведска во првото коло, потоа врза три порази посебно беа неразумни оние против Молдавија и Грузија.

 

ПретходноПоранешен освојувач на ЛШ осуден на затворска казна за сексуално злоставување на својата ќерка
СледноЕлмас го чека Мацари, ако не добие шанса ќе оди во Англија или Шпанија