Далиќ најави заминување: Ќе ја водам Хрватска на ЕП, а потоа можеби е време за некој помлад!

529

Златко Далиќ ја однесе Хрватска на четвртото по ред големо натпревување. Секако дека тоа е голем успех, но нема некоја посебна еуфорија кај “коцкестите“ ако се знае дека и не одиграа којзнае како во овие квалификации и дека се “тресеа“ се до крајот, до последниот меч со Ерменија.

Селекторот Златко Далиќ вечерва најави дека полека, но сигурно е време да дојде до смена на селекторската клупа.

Се надевам дека во Германија нашите фанови ќе бидат горди на својата селекција. Поради ЕВРО 2024 одбив неколку понуди. Бев под голем притисок. Сигурно е дека ќе ја предводам Хрватска на ЕП, а потоа ќе видиме. Можеби е време за некој помлад. Истрпев многу работи а по Германија ќе се навршат седум години откако сум селектор“ посочи Далиќ.

ПретходноЛина елиминирана во 1.коло на фјучрсот во Валенсија!
СледноРаул и ПСЖ само до реми со Колштад!