Вечерва се одиграа три средби од ракометната ЛШ од осмото коло во групата – А. Во Битола нашиот шампион Е. Пелистер загуби од ПИК Сегед со 27:28, додека Алборг и Кил одиграа 27:27 иако германскиот тим во еден момент имаше убедлива предност од седум голови, но ни тоа не му беше доволно за победа.
За крај во Париз, ПСЖ на Раул Гонзалес одигра само 28:28 против норвешкиот Колстад.
Иако по првото полувреме гостите имаа водство од 13:15, сепак ПСЖ во продолжение “светците“ заиграа како што треба и на 30 секунди до крајот дојдоа до водство од 28:27 и тоа со голот на Пранди. Сепак во самиот финиш на мечот гостите преку Јохансен постигнаа гол за конечни 28:28.
Пранди кај ПСЖ и Сагосен кај Колстад беа најефикасни со по 10 постигнати голови.