Ди Марија: Ќе ја напуштам аргентинската репрезентација по Копа Америка

154

Еден од најдобрите аргентински фудбалери во поновата историја Анхел Ди Марија изјави дека по Копа Америка идната година ќе ја напушти аргентинската репрезентација.
„На Копа Америка последен пат кога ќе го носам дресот на Аргентина. Со сета болка во душата и со грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата. Им благодарам на навивачите, на семејството, на пријателите и соиграчите. Продолжуваме да пишуваме историја. Напред, Аргентина!“, изјави Ди Марија.
До сега Ди Марија одигра 134 натпревари за Аргентина, а ја освои Копа Америка во 2021 година и СП во 2022 година.

ПретходноИграчот за кој Евертон даде 18 милиони евра потпиша за седмолигаш
СледноПортугалец ќе го преземе Ал Сад и ќе стане најплатен тренер на светот