Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген ќе го пропушти утрешниот натпревар од новото коло во ла Лига против Рајо Ваљекано на нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.
Веста на денешната прес-конференција ја соопшти тренерот на Каталонците, Чави Ернандез. Тер Штеген имал болки во грбот, кои не му дозволуваат да тренира целосно.
„Марк не може да настапи утре, но имаме целосна доверба во Ињаки Пења, кој е 100% подготвен“, потврди Чави.