Дами и господа Елиф Елмас: Дијамантот му донесе победа на Наполи (ВИДЕО)

5554

Елиф Елмас е името кое навивачите на Наполи ќе го слават вечерва. Македонскиот репрезентативец влезе во вистински момент на дуелот против Аталанта во 63. минута при 1-1, а веќе 16. минути подоцна донесе радост во редовите на својот тим.

На асистенција на Виктор Осимен ја затресе мрежата на противникот. До крајот Наполи успеа да ја сочува предноста и да се радува на бодовите.

Со овој погодок Елмас му даде до знаење на Мацари дека може да се смета на него во иднина.

За Наполи ова беше седма победа оваа сезона, има три порази и три ремија, се наоѓа на третото место во Серија А.

ПретходноБутел Скопје добро го испоти Пелистер
СледноНа МЗТ Скопје му требаше една четвртина за го демолира Чаир 2030 (ФОТО)