Арсенал имаше исклучително тешко гостување во 13. коло од Премиер-лигата, гостуваше кај Брентфорд и на крајот со многу мака победи со 1:0.
„Топџиите“ беа подобриот тим во текот на целиот натпревар. Сепак, во одредени моменти правеа неразбирливи грешки кои можеа скапо да ги чинат.
Во 42. минута голот на Леандро Тросард беше поништен поради офсајд. На пауза се отиде без голови, а во продолжение Арсенал со сите сили се обидуваше да дојде до три бода.
Брентфорд одлично се бранеше, дури имаше и големи шанси да поведе. По сето ова, Арсенал во 88. минута Арсенал дојде до три бода. Херојот е малку неочекуван – Каи Хаверц. Германецот по одличното додавање на Сака и постигна гол за 1:0.
@CARTER7ii@CARTER7ii pic.twitter.com/pQRnJqfQsh
— رسيفر على الله (@jacklyn31629) November 25, 2023
Трите бода ги однесоа „топчиите“ на врвот на табелата со 30 бодови од 13 натпревари, следат Манчестер Сити со 29 и Ливерпул со 28 бодови.