По мечот со Барселона во кој Рајо одигра 1:1, македонскиот голман Столе Димитриевски му подари свој дрес на италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо. Италијанецот постојано е присутен во медиумите како најдобар трансфер дознавач.
Токму периодов се зборува за потенцијален трансфер на македонската „единица“ во некој посилен клуб. Од друга страна Столе нагласи дека е среќен во Рајо и нема потреба да брза со трансфер.