Во саботата „Кикер“ објави вест дека Унион Берлин ќе го ангажира екс-напаѓачот на Реал Мадрид, Раул Гонзалес за нов тренер на екипата на местото на Урс Фишер. Веќе следниот ден други германски медиуми информираа дека Шпанецот нема да биде на клупата на берлинците туку на тоа место ќе седне Ненад Бјелица.
Бјелица работеше во Трабзон до октомври и од тогаш е слободен. Унион бележи лоши резултати сезонава за разлика од претходната во која блескаше и избори пласман во ЛШ. Бјелица доаѓа да ја поправи сликата. Тој е поранешен тренер на Осијек, Динамо Загреб, Лех, Специја, Австрија Виена и ВАЦ од Ст.Андра.
Со ВАЦ беше шампион на втората австриска лига, а со Динамо два пати беше шампион на Хрватска.