Натпревар во Кавадарци сепак ќе има, одлучено е Тиквеш и Брера да го одиграат овој меч од 15.коло. Сепак почетокот на истиот ќе биде во 13:15 или 13:20 часот место во 13 часот. Ова доцнење е поради фактот дека во последен момент теренот на Градскиот стадион во Кавадарци се чистеше од снегот, се со цел играчите на двете екипи да имаат колку толку добри услови за игра.