Се играше 10.минута од мечот Работнички – Гостивар кога гостинскиот фудбалер Алхасан душмански го фаулираше младиот играч на Работнички, Матеј Ангелов. На 19-годишниот играч за врска, инаку младински репрезентативец на Македонија, веднаш му се укажа лекарска помош. Сепак поради тежината на повредата тој на раце беше изнесен од теренот и за него мечот беше завршен, и тоа по само десетина минути игра.
Иако допрва ќе следуваа детални лекарски прегледи, сепак станува збор за потешка повреда.
Сега се поставува прашањето зошто судијата Јован Качевски не му даде директен црвен картон, зошто не го исклучи фудбалерот на Гостивар, туку се задоволи само со жолт картон?
Се разбира дека ако тоа го стореше, ако Гостивар заслужено останеше со играч помалку, работите на теренот за екипата на Гоце Седлоски ќе се одвиваа на друг начин.
Вака Работнички и Гостивар одиграа без победник 0:0.