Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот, откако вечерва во двата сингл-дуели славеше над Австралија.
Јунак на „аѕурите“ е Јаник Синер, кој победи на сите натпревари на турнирот, а последниот беше достоен за трофеј. Синер денеска го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 2:0, во сетови 6:3, 6:0 и на својата земја и ја донесе втората титула во ова натпреварување по онаа од 1976 година.
Првиот поен за Италија го донесе Матео Арналди кој славеше против Алексеј Попирин.
Shower time for @janniksin 🚿 #DavisCupFinals | @federtennis pic.twitter.com/tGlOPnYBh1
— Davis Cup (@DavisCup) November 26, 2023