Откриени се нови детали околу скандал допингот со Ѓоковиќ

2284

Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната без титула во Дејвис купот. Замина на одмор и веќе ужива со семејството, но пред тоа претрпе неправда и беше дел од скандал.

Пред четвртфиналниот дуел со Велика Британија и натпреварот против Камерон Нори се појавија луѓе од допинг контрола кои побараа од него да направи тест пред натпреварот.

Сега се појавија нови детали. Била ангажирана приватната компанија за допинг контрола (ITIA) која се наоѓа во Англија, поточно во Лондон, што привлече големо внимание кај фановите на Новак.

За да биде уште полошо, после сето тоа излегоа поединци кои побараа Србинот да биде суспендиран бидејќи одбил допинг контрола.

Инаку постојат посебни правила во тенисот, исто и на учесниците на завршниот турнир од Дејвис купот. Контролорите се должни да ги информираат играчите за тестот, а тенисерите се тие кои имаат право да одлучат дали тоа ќе го направат пред или по натпреварите. Нешто што вообичаено не се практикуваше во „белиот спорт“ до крајот во Малага. Тоа значи дека сите наводи и напади за одбивањето на Ноле да ја тестира „паѓаат во вода“ .

ПретходноНајтежок пораз за Леброн Џејмс во кариерата (ВИДЕО)
СледноВАР ВОВЕДУВА ПРОМЕНИ: Предлогот е на маса – еве што ќе можат да проверуваат судиите!