Наместениот натпревар по кој пет играчи заработија суспензии (ВИДЕО)

273

Етичката комисија на Фудбалскиот сојуз на Летонија исфрли петмина фудбалери од фудбалот поради местење натпревари.

Се работи за натпревар од втората латвиска лига меѓу Динамо Рига и Тукумс. Гостите славеа со 4:3 иако на полувремето губеа со 3:0, а како намерно ги пуштија играчите на Динамо се гледа од видеата од последните два гола.

Даниел Федорович, Александар Картишов и Артурс Лочиков се казнети со едногодишна суспензија, а Јомидав и Лолу со тригодишна суспензија поради несоработка во истрагата. Динамо Рига по овој натпревар се повлече од лигата.

ПретходноИгор Стефановски Иџе го донесе пехарот во ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА
СледноСудии за ПМФЛ: Трпчевски “главен“ на Гостивар – Шкупи, Грујоски ќе им суди на Шкендија и Работнички