Одредени се судиите за 16.коло во ПМФЛ, кое е закажано за утре со почеток од 13 часот. Натпреварот Гостивар – Шкупи, кој се игра на “Младост“ во Струмица, ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци, додека Александар Грујоски од Кичево ќе ја дели правдата на средбата во Тетово каде ќе играат Шкендија и Работнички.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ПМФЛ – 16.КОЛО (СРЕДА – 13 Ч)
Вардар – Струга ТЛ: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Воска – Тиквеш: Александар Ставрев (Скопје)
Брера – Брегалница: Влатко Илиоски (Прилеп)
Шкендија – Работнички: Александар Грујоски (Кичево)
Гостивар – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Македонија ЃП – Силекс: Димитар Пилешков (Штип)