Марио Младеновски: Шкупи и против Гостивар сака победа!

74

 

Дефанзивецот на Чаирчани, Марио Младеновски, беше најзаслужен за победата на Шкупи против Македонија ЃП изминатиот викенд. Убаво се снајде пред голот на “лавовите“ и со шут со глава ја затресе мрежата на гостите за победа од 1:0.

Веќе утре лидерот го чека уште еден тежок меч, овојпат против Гостивар, натпревар кој се игра во Струмица.

“Тешко беше со Македонија ЃП, сепак ние успеавме да победиме, а јас сум среќен зошто токму јас бев стрелецот на победничкиот гол. Но, тоа е минато. Утре во Струмица не чека тешко гостување кај Гостивар.  Секако дека ривалот максимално се респектира, во последно време овој тим игра се подобро и подобри. Сепак, ние не криеме дека сакаме победа и оваа средба“ рече покрај другото Марио Младеновски.

ПретходноКој клуб беше оштетениот на Автокоманда?
СледноЈувентус идната сезона со нов тренер