Фудбалскиот клуб Скопје реагираше на „лагите“ и изреченото од страна на Осогово. Скопје го доби мечот со 1:0.
„Многу лаги и инсинуации беа изречени веднаш по поразот во понеделникот од страна на кочанскиот второлигаш Осогово.
Ние како ФК Скопје добро знаеме зошто го прават тоа. Само јасен притисок врз ФФМ Осогово да мора да победи во сабота со Арсими, па макар и сомнителни одлуки како што беа на претходните натпревари кога домаќин беше Осогово во Кочани.
А вистината е сосема поинаква: За ваков прекршок диретно со ѓон над колено, нам не ни беше досудено ниту прекршок!!!
За ист ваков прекршок ФК Скопје во Прилеп доби директен црвен картон уште во 8 минута, кој фудбалски го прифативме без ниту една замерка, машки игравме со 10 играчи, изгубивме подадовме рака и готово. Драмење за притисок не правиме.
ФК Скопје во полн состав ќе гостува и во Кочани и спортски како и кај нас ќе се обиде да дојде до бодови на зелениот терен.
Спортски поздрав
ФК СКОПЈЕ“