Екипата на Струга Трим Љум еден од македонските претставници на меѓународна сцена летово утре со почеток од 17:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје ќе го одигра реванш дуелот од квалификациите за конференциската лига против екипата на Лиепаја од Летонија.
Тренерот Срѓан Захариевски вели дека тој и неговите момци се подготвени за предизвикот, и дека се свесни со каков противник се соочуваат утре. Дека истиот не е ни малку наивен, и дека Струга Трим Љум треба да биде на највисоко можно ниво доколку сака да помине понатаму.
„За нас заврши само првото полувреме од овој двомеч против тимот на Лиепаја и резултатот гласи 1:1. Мислам дека резултатот и она што се случуваше е реален исход на настаните. Сепак, Лиепаја е многу квалитетен тим, оние што ќе го следат мечот ќе имаат можност сами да се уверат во тоа. Но, според играта таму, особено во вториот дел, а и активниот резултат, мислам дека имаме реални шанси да го минеме противникот“ – изјави Захариевски па додаде.
„Со оглед на фактот што не важи повеќе она правило гол во гости, ние почнуваме што се вели со 0:0. Нема да брзаме, ќе чекаме своја шанса. Нема да брзаме, нема да се залетуваме, затоа што секој кикс, секоја грешка на вакви мечеви може да значи и елиминација“ – рече Захариевски.
Бојку и Босанчиќ со повреди, Исени веројатно во „аут“
Здравствениот билтен на тимот на Струга Трим Љум во моментов е следен. На повреда се жата Бесмир Бојки односно Босанчиќ но тие најверојатно ќе бидат во комбинација за утре, додека Бесир Исени по се изгледа дека ќе мора да го гледа мечот од трибини.