Струга ТЛ го победи Вардар и сега таа се прашува кој ќе биде есенски шампион! (ФОТО)

685

Шампионот покажа кој е кој во моментов во однос на Вардар,. Струга ТЛ со 1:3 попладнево славеше на ФФМ и освои огромни три бода во битката за титулата.

На Вардар треба да му се честита за голема борба, за залагањето, за се она што го пружи на теренот, но сепак квалитетот на стружани се покажа на дело.

Па така сега со ремито на Шкупи во Струмица кај Гостивар, сега Струга ТЛ се прашува за тоа кој ќе се биде есенски шампион.

Во моментов тимот на Шпетим Дуро има 30 бода, два помалку од Шкупи и Шкендија, но Струга ТЛ наредната среда ќе го одигра заостанатиот меч од 15.коло со Воска дома. Во случај на победа тогаш шампионот влегува со предност од еден бод во однос на Шкупи и Шкендија во последните две есенски кола.

Струга ТЛ во недела му гостува на Тиквеш а во последното коло за оваа година игра со Брегалница.

Значи со девет бода од овие три меча Струга ТЛ ќе биде есенски шампион без никакви дилеми.

Инаку по денешното 16.коло еве како изглета табелата во ПМФЛ:

ТАБЕЛА

Шкупи 32, Шкендија 32, Струга ТЛ (-1) 30, Силекс (-1) 23, Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Воска (-1) 16, Брегалница 16, Вардар (-1) 11.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноТиквеш не се шегува: Кавадарчани со победничко селфи од Охрид! (ФОТО)
СледноМилан како да е „проколнат“: 25 повреди од почетокот на сезоната, последен во низата е Тиао!