Одбранбениот фудбалер на Севиља, Серхио Рамос го постигна 10 000 гол во историјата на Лигата на шампионите. Севиља играше со ПСВ, а Рамос го отвори резултатот. На крајот ПСВ славеше со 2:3.
Интересно, Рамос беше стрелец и на 6000 гол во ЛШ. Во 2013 година, како играч на Реал, си ја смести топката во својата мрежа во меч со Манчестер Јунајтед. Статистиката е од модерната историја на ЛШ поточно од 1992 година.
Како потсетување првиот гол во ЛШ го постигна тогашниот напаѓач на Клуб Бриж, Даниел Амокачи.
Притоа Рамос се изедначи со Роберто Карлос и Жерар Пике по бројот на голови во ЛШ постигнати од дефанзивци(сите имаат по 16).