Хрватскиот шампион Загреб ги сочува шансите за место во осминафиналето во Лигата на шампионите со денешната победа над унгарскиот вицешампион Пик Сегед со 30-25. Тоа е мечот кој го судеа македонските судии Начевски и Николов, а кај Загреб, кој ја запиша третата победа во деветтиот меч, најефикасни беа Чупиќ и Срна со по шест гола. Дибиров постигна четири. Кај Унгарците Мачковшек постигна пет гола.
Во следното коло Загреб ќе му гостува на Пелистер, а Пик Сегед ќе игра со Киелце.
Порто го запиша шестиот пораз сезонава во ЛШ. Вечерва португалскиот првак загуби на гостувањето кај ГОГ со 35-27. За Порто во протоколот за овој меч не беше македонскиот голман Никола Митревски.
На другите мечеви Колштад изгуби дома од Алборг со 18-29, а Висла Плоцк славеше на гости кај Целје со 30-25.