Атомски фудбал во Лисабон: Интер се врати по негатива од три гола во првото полувреме

454

Неверојатен меч се одигра во Лисабон во кој Бенфика по првите 34 минути имаше предност од три гола против Интер но на крајот гостите си заминаа со бод. Од 5. до 34. минута Жоао Марио постигна три гола, а Бенфика имаше 3:0.
Водството траеше до 51 минута, а потоа тргна колата на Интер. Арнаутовиќ го намали резултатот со својот прв гол во ЛШ после 2010 година. Следуваше прекрасен погодок на Давиде Фратези, а во 72 минута точка стави Алексис Санчез со гол од пенал.
Интер имаше шанса и за комплетен пресврт, а во 94 минута Варела ја погоди стативата.

Елмас одигра 25 минути, а Наполи немоќен на „Бернабеу“

ГРУПА Д
СОСИЕДАД – САЛЦБУРГ 0:0
БЕНФИКА – ИНТЕР 3:3
ТАБЕЛА: Сосиедад 11 бода, Интер 11, Салцбург 4, Бенфика 1

ГРУПА А
ГАЛАТАСАРАЈ – МАН.ЈУНАЈТЕД 3:3
БАЕРН – КОПЕНХАГЕН 0:0
ТАБЕЛА: Баерн 13, Копенхаген 5, Галатасарај 5, Ман.Јунајтед 4

ГРУПА Б
СЕВИЉА – ПСВ 2:3
АРСЕНАЛ – ЛЕНС 6:0
ТАБЕЛА: Арсенал 12, ПСВ 8, Ленс 5, Севиља 2

ГРУПА Ц
БРАГА – УНИОН БЕРЛИН 1:1
РЕАЛ МАДРИД – НАПОЛИ 4:2
ТАБЕЛА: Реал 15, Наполи 7, Брага 4, Унион 2

ПретходноЕлмас одигра 25 минути, а Наполи немоќен на „Бернабеу“
СледноЈокиќ се врати и „растури“ со нов трипл-дабл (ВИДЕО)