Елмас одигра 25 минути, а Наполи немоќен на „Бернабеу“

280

Во групата Ц се одигра дерби меч помеѓу Реал Мадрид и Наполи. Победа за „кралевите“ со 4:2.

Реал и претходно осигура осминафинале, па овој меч им беше без големо значење. Наполи тргна храбро и поведе со гол на Џовани Симеоне. Но од 11. до 22. минута Реал го сврте резултатот со голови на Родриго и Белингем.

На стартот на второто полувреме Ангуиса го изедначи резултатот. Реал имаше уште неколку шанси но голманот Мерет интервенираше во неколку ситуации, а и играчите на Реал беа непрецизни. Сепак, мрежата на Наполи се затресе во 84 минута, а стрелец на голот вреден победа беше Николас Паз. Точка стави Хоселу во 94 минута по еден контра напад.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас влезе во игра во 65.минута на местото на повредениот Матео Политано. Наполи ќе го бара билетот за осминафинале последното коло кога ќе игра дома со Брага. Тимот од Неапол остана втор на табелата затоа што Брага одигра само 1:1 на домашен терен против Унион Берлин.

ПретходноСтоилковска го мина првото коло на фјучерсот во Шарм Ел Шеик
СледноАтомски фудбал во Лисабон: Интер се врати по негатива од три гола во првото полувреме