Јокиќ се врати и „растури“ со нов трипл-дабл (ВИДЕО)

1360

Никола Јокиќ се врати на теренот по пауза од еден меч. Денвер дојде до победа против Хјустон од 134-124, а српскиот репрезентативец повторно беше во центарот на вниманието.

Јокиќ го предводеше актуелниот првак со трипл-дабл (седми оваа сезона) од 32 поени, 15 асистенции и 10 скока. На овој меч конечно беше комплетиран тимот на Нагетс, па на теренот беше Мајкл Портер Јуниор со 30 поени, 10 скока и 5 асистенции, Џамал ​​Мареј имаше 16 поени, Реџи Џексон 15.

Од друга страна, Грин постигна 26 поени со 9 скока и 6 асистенции, одличен беше Шенгун со 22 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Со оваа победа Денвер се најде на второто место на Западот со 13 победи, колку што има Минесота, само од помалку одиграни натпревари. Хјустон моментално е деветти со биланс од осум победи и осум порази.


Резултати:
Орландо – Вашингтон 139:120
Детроит – Лејкерс 107:133
Торонто – Феникс 112:105
Њу Орлеанс – Филаделфија 124:114
Мемфис – Јута 105:91
Денвер – Хјустон 134:124
Сакраменто – Клиперс 117:131

ПретходноАтомски фудбал во Лисабон: Интер се врати по негатива од три гола во првото полувреме
СледноАнчелоти: Клучот за успехот е атмосферата во соблекувалната