Анчелоти: Клучот за успехот е атмосферата во соблекувалната

331

Екипата на Реал Мадрид го совлада Наполи со 4:2 во меч од 5. коло од групата „Ц“ во Лигата на шампионите. Тренерот „кралевите“ Карло Анчелоти го коментираше успехот на тимот, пофалувајќи ги играчите што најдоа сила да се вратат во тешките моменти.

„Ова беше многу отворен натпревар од двете екипи, без многу задржување, многу голови и можности. Кога се чинеше дека се појави замор, најдовме нова сила за да постигнеме голови. Мислам дека клучот за успехот е атмосферата во соблекувалната каде играчите се многу фокусирани и многу професионални. Мислам дека е важно во вакви ноќи“, рече Анчелоти.

Реал Мадрид е на врвот на табелата во групата со пет победи во исто толку одиграни меча, пласманот во нокаут фазата го обезбеди уште претходно. Наполи за кого настапува Елиф Елмас пак е втор на табелата со три победа повеќе од Брага.

ПретходноЈокиќ се врати и „растури“ со нов трипл-дабл (ВИДЕО)
СледноИспиша историја: После 4740 дена постигна погодок во Лигата на шампиони