Македонската фудбалска репрезентација доби покана од Мексико за пријателски натпревар. Тестот против оваа селекција би се одиграл во јануари во Америка, поточно во Лос Анџелес.
Ова ќе биде една од оние контролни средби на кои Македонија ќе настапи со фудбалери кои настапуваат претежно во домашниот шампионат, бидејќи голем дел од интернационалците како Елиф Елмас, Столе Димитиревски…нема да можат да одговорат на овој повик поради обврските со своите клубови.
Во мандатот на Милевски, нашата репрезентација добиваше бројни понуди за пријателски мечеви од овој тип, но голем дел беа одбивани. Македонија во комбиниран состав во пред повеќе од една година одигра против Саудиска Арабија во Абу Даби кога беше поразена со 1-0.
Нашата репрезентација во фавруари ќе добие противниците за Лигата на Нации, а во овој момент станува јасно дека Боби Милевски ќе остане на клупата, во фаза се преговорите за продолжување на неговиот договор.
Нашиот најдобар национален состав последен пат пријателски меч во САД има одиграно пред околу 30-тина години против домашната селекција и Канада.