Димитријевиќ номиниран за МВП за ноември во ВТБ лигата! (ФОТО)

85

Како што известуваат од Уникс Казан и од медија центарот на ВТБ лигата, нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ е номиниран за МВП за месец ноември во ВТБ лигата.No description available.

Ова е поради блескавите настапи на Нено за својот Уникс Казан. Секој кој што мисли дека Нено го заслужува ова признание може да гласи за нашиот најдобар кошаркар.

Инаку како што се известува Нено во изминатиот период имал коефициент на ефективност од 21,3. Во меѓувреме просечно постигнувал по 17,7 поени на меч, 6,1 асистенции и 4,4 скокови.

Импресивно, нема што.

ПретходноЕХФ ја одби жалбата на Е. Пелистер!
СледноФудбалското судењето на векот ќе започне во есен следната година!