Далас два меча без Дончиќ: Словенецот стана татко (ФОТО)

1093

Далас на следните два меча во НБА лигата ќе мора да игра без Лука Дончиќ. Првата ѕвезда на Маверикс, поради лични причини нема да биде во тимот за престојните два меча со Мемфис Гризлис во сабота и со Оклахома Сити Тандер во недела.

Капитенот на словенечката репрезентација се најде на списокот на кошаркари кои нема да настапат против Мемфис, а причината ја откриваат словенечките медиуми. Според пишувањето Дончиќ стана татко. Словенечката кошаркарска суперѕвезда и неговата свршеница Анамарија Голтес потврдија дека станаа родители. Тие ја добија ќерката Габриела. Двојката ја потврди веста.

Далас Маверикс моментно е четвртопласирана екипа во Западната конференција со 11 победи и шест порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)

ПретходноНедовиќ за радост на Црвена звезда, Барса лесно со АСВЕЛ
СледноМонца беше на чекор до изненадување, но Гати донесе три бода за Јуве (ВИДЕО)