И тоа се случува: Играчи од ист тим ќе се степаа на тајм-аут (ВИДЕО)

1271

Во десеттото коло од АБА лигата на мечот меѓу Сплит и Крка (78-74)се случи несекојдневна пресметка меѓу двајца кошаркари од ист тим.

Во инцидентот кој го одбележа дуелот учествуваа Јуриј Мацура и Марко Радовановиќ.

На тајм-аутот на минута пред крајот на мечот дојде до неочекувано кошкање и меѓусебни префрлања меѓу Мацура и Радовановиќ, на што реагираше тренерот Гасперн Окорн и останатите од тимот. По таа минута одмор, центарот на Крка не се врати на паркетот, а значаен триумф забележаа сплитските кошаркари.

ПретходноВеличковски: Почит за Вардар, но одиме на победа
СледноНедовиќ за радост на Црвена звезда, Барса лесно со АСВЕЛ