Боби Митев се враќа во Сабах, ќе биде и селектор на Азербејџан

266

Македонскиот стратег, Боби Митев по неполн месец се враќа во Азербејџан. Поради приватни семејни причини мораше привремено да го напушти Сабах. Во клубот беа задоволни од она што Митев го прави и создава од неговото доаѓање, па му дадоа доволно време да ги реши проблемите и да се врати на клупата.

И не само ова. Боби Митев ќе биде селектор на кошаркарската репрезентација на Азербејџан. Како што дознаваме тој ќе добие тригодишен договор од тамошната федерација. Работата со Сабах и визијата која Митев ја има за кошарката, е сето она што е потребно во националниот тим на оваа земја.

Азербејџан не е позната по кошарката, а во моментов се работи на создавање на играчи, што ќе биде главна мисија на Митев. Репрезентацијата се наоѓа во Ц дивизија, а за влез во Б Дивизија ќе мора да ги победи селекциите на Косово и Швајцарија.

Митев има стекнато големо искуство во својата кариера како тренер, долго време соработуваше со Сашо Филиповски во бројни клубови. Тој беше аналитичар на противниците на Македонија во квалификациите за ЕП 2011 година, шампионат на кој „црвено-жолтите“ го освоија историското четврто место.

ПретходноДенеска во Хамбург е ждрепката за групната фаза на ЕП 2024
СледноБалканска пресметка со груби потези: Босанскиот ѕвер му удри лакт на Јокиќ во глава