Третата кошаркарска лига ќе продолжи со еден тим помалку. Во најновиот билтен на КФСМ, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ забележа дека КК Алабес нема да има право да настапува во понатамошниот дел од сезоната.
Овој тим по второ коло по ред не се појавува на закажаните натпревари, па оттука според пропозициите за натпреварување ќе биде директно исклучен. Покрај ова, клубот е должен да плати казна од 30.000 денари.