По вторпат оваа сезона екипата на Вардар успеа да ја победи Македонија ЃП. Попладнево во Ѓорче тимот на стратегот Александар Васоски сосема заслужено славеа со 0:1. Па така сега имаат вардарци 14 бода и покажуваат знаци на живот во битката за опсатнок. Во Вардар се свесни дека битката продолжува, дека нема предавање и дека се е можно. Потребна е само една мини – серија од две победи по ред за Вардар и дефинитивно покаже дека нема намера да се предаде така лесно.
Ова беше прт триумф по четирите порази во серија на четата на Васоски.
А што да се каже за Македонија ЃП?
Веројатно најслабата партија оваа есен, но нели, можеш да играш колку што противникот ќе ти дозволи, а денеска Вардар во Ѓорче покажа како треба.