Џирона не се шегува: Со пресврт до триумф против Валенсија за лидерско место во Ла Лига! (ВИДЕО)

118

И дефинитивно “малата“ Џирона не се шегува. Во најлош случај ќе биде лидер барем неколку часа на табелата во Ла Лига и тоа по денешната победа над Валенсија со 2:1 во меч од 15.коло.

Гостите поведоа со Дуро во 57.минута, но во самиот финиш Џирона покажа зошто оваа сезона е блескава. Со двата гола на Стуани во 83. и 88.минута направи комплетен пресврт за 2:1.

Сега Џирона има 38 бода и е прва пред Реал кој има три бода помалку но и меч помалку. “Кралевите“ од 18:30 часот ја дочекуваат Гранада.

ПретходноВардар не се предава…(ФОТО)
СледноНухиу со порака пред утрешното супер-дерби: Сакам “двојка“ на Чаир!